Ноќните смени во кои работат дваесет проценти од работниците во развиените земји Светската здравствена организација ги вброи во групата на „потенцијално канцерогени“ работни места.
„Сменската работа ноќе, односно работењето со неправилни измени на работното време дење и ноќе кое го ремети биолошкиот часовник може да се вброи во истата група со потенцијално канцерогените материи како издувните гасови од дизелските мотори, ултравиолетовото зрачење и оловото од старите слики“ изјавил Винсент Колиано, епидемиолог на Светската здравствена организација.
Сменската работа која вклучува ноќни смени во подолг временски период, го зголемува ризикот од рак на дојката кај медицинските сестри и стујардесите во авионите во споредба со оние кои работат само во денска смена. „Тоа е стварен ризик кој епидемиолозите го оценуваат како умерен“. истакнува Колиано. Како што наведуваат стручњаците , ноќната работа може да биде погубна заради делувањето на дневниот ритам, затоа што изложеноста на светлина го прекинува производството на хормонот мелатонин кој телото го произведува во текот на ноќта. Недостатокот на мелатонин го потикнува настанувањето на тумори, а измената на ритамот на будност може да ги поремети гените кои учествуваат во настанувањето на туморите. Исто така познато е дека недостатокот на сон, а потоа и на мелатонин, кај луѓето доведува до пад на имунитетот.
Јасминка Т. Момироска