Деновиве во светот, беше претставено најновото достигнување на финскиот гигант Нокиа. Новиот  паметен телефон, ќе биде најевтиниот мобилен уред кој ја подржува „Windows 8“ платформата.

Лумиа 620, како што го нарекуваат неговите креатори, ќе биде наменет за пошироката јавност. 3,8 инчниот екран овозможува прегледност на 800х400 пиксели. Телефонот содржи процесор од еден гига херзи со две јадра, 512 мегабајти рам и работна меморија од 8 гига. Производителите не обрнале големо внимание на камерата, која има само  5 мегапиксели.  Лумиа има поддршка за безжичната мрежа, 3Г како и  Bluetooth 3.


Како што соопштуваат од Нокиа, телефонот е направен за да се промовира најновата платформа на Виндоувс. Уредот најпрво ќе се појави во Азија на почетокот од јануари, а потоа ќе биде достапен и за европските љубители на паметни телефони. Со најновите достигнувања, овие две компании ќе се обидат да им ги расипат сметките на конкурентите од „Епл“ и „Самсунг“.

OhridNews