Легендарниот телефон за кој се зборуваше дека може да преживее апсолутно се, па дури и апокалипса, се враќа на пазарот по генијална цена од само шест евра. Нокиа 3310 е модел на телефон кој на преминот на овој век ги сруши сите рекорди во продажбата и го залуде светот со својата одлична изработка, едноставноста за раководење и големината, која тогаш беше значително помала од конкуренцијата. Класиката од само 133 грама се најде во милиони џебови и направи вистинска револуција на пазарот, бидејќи покрај одличните карактеристики поседуваше и 35 мелодии, часовник, штоперка, аларм, калкулатор и именик за 250 контакти.
Се разбира, она што посебно ги воодушевуваше корисниците е батеријата која траеше со денови, па не е ни чудо што овој модел е продаден во неверојатни 125 милиони примероци. Во ерата на смартфоните со џиновски екрани кои ги полниме најмалки еднаш дневно, и постојано сме во потрага по штекер, ова мало чудо би можело повторно да направи сјајна работа. Имено, Алиекспрес најави дека неколку дена ќе продава нови Нокии 3310 по симболична цена од 6 евра. Бидејќи моментално можат да се набават репарирани вакви модели по цени помеѓу 10 и 17 долари, веројатно залихите ќе исчезнат за миг.