Парискиот хотел „Плаза Атене“ осмислил нов концепт за да ги привлече најмладите гости, односно апартман уреден во барби стил. Управата на овој луксузен хотел сместен во непосредна близина на Ајфеловата Кула нуди специјално сместување за девојчиња на возраст од три до 16 години кои можат да ноќеваат токму во овој апартман.
Ноќевањето во „Барби апартманот“, опремен во стилот на собата на Барби, чини 1600 евра за една ноќ, а секој кој ќе преспие во истиот добива специјален подарок од компанијата Мател, соопштиле локалните медиуми.