Овој светски познат хотел своевремено ги привлекувал најголемите ѕвезди како Мерилин Монро, Френк Синатра и Еливис Присли. Во 2008 година започна неговото потполно обновување и денес повторно е еден од најуксузните ресорти во Соединетите Американски Држави. Станува збор за хотелот „Ривиера Палм Спрингс“ во Калифорнија кој секогаш „пукал“ на богата клиентела.

 

Сега менаџментот на хотелот одлучил да оди чекор подалеку и за цена од еден милион долари по ноќ може да се изнајми целиот комплекс. Покрај вкупно 398 соби и целиот персонал на хотелот, на оние кои за својата венчавка или друга пригода ќе се одлучат да го изнајмат овој комлекс, загарантиран им е и ѕвезден третман.