Нова боја се нанесува на вертикалната сообраќајна сигнализација во Охрид. Освежувањето на „зебрите“ и знаците на коловозите се врши во вечерните часови, по полноќ, кога фрекфенцијата на сообраќај е помала.

Охрид вчера доби и специјални мерачи на време, подарок од Републичкиот свет за безбедност. Одбројувачите за семафори се наменети за пешаците со  цел подигнување на нивото на безбедност на оваа чувствителна категорија учесници во сообраќајот.

OhridNews