Селекторот на македонска репрезентација Бошко Ѓуровски и капитенот на селекцијата Томе Пачовски имаа право на глас во изборот за најдобар фудбалер и тренер.


Ѓуровски петте бодови му ги додели на Мануел Нојер, трите на Арјен Робен и на третта позиција се најде Кристијано Роналдо, кој и ја освои наградата за најдобар фудбалер.

Чуварот на мрежата Томе Пачовски го „знаеше“ победникот откако неговите петте бодови заминаа на контото од Роналдо.

Бодови од македонскиот репрезентативен голман освоија Нојер и белгискиот репрезентативец Еден Азард.

Во изборот за најдобар играч триумфираше Роналдо пред аргентинскиот репрезентивец Лионел Меси и Германецот Нојер.

Мх.П.