Во овој момент најмалку што ни се потребни се партиските делби околу прашањето за изградба на регионална депонија во Дебрца. Трајкоски да им каже на жителите на Дебрца како успеа овој штетен проект, неприметливо да помине во време кога тој беше Претседател на Советот на Југозападниот плански регион.

Зошто за сето ова молчеше се додека твојата партија ја имаше централната власт? Се јави кога се беше завршена работа, да се промовираш како спасител и да ќариш предизборни поени. Ама граѓаните на Дебрца те прочитаа и на локалните избори катастрофално поразија. Не заборави, кога се повикуваш на граѓаните, не те победив јас, те поразија граѓаните и затоа немаш повеќе ни трунка кредибилитет да се повикуваш на нив.

Секој граѓанин е добредојден во одбраната на еколошката иднина на Дебрца, вклучително и ти. Само ако си со искрени намери. Во врска со потсетувањето на ветувањето на премиерот Заев, локацијата е утврдена во време на претходната власт. Јас сум и ќе бидам првиот кој заедно со сите граѓани ќе го потсетиме премиерот Заев на неговото ветување. И ќе ја одбраниме Дебрца и нејзината уникатност и природна убавина.

 

Зоран Ногачески, градоначалник на општина Дебрца