Кандидатот за градоначалник од СДСМ за општина Дебрца, Зоран Ногачески, го обвинува противкандидатот Трајкоски дека шири лаги во врска со Договорот што во 2012 година општина Дебрца го склучил со Македонското Еколошко Друштво, за кое општината добила средства за Проектот-Промоција на Белчишкото Блато.

– На лагите кратки и се нозете-вели нашиот народ. Општина Дебрца беше само имплементатор на проектот, јас бев координатор на проектот, а парите ги донираше Македонското Еколошко Друштво. И никој донатор не дава пари, ако не си го направил она за што си аплицирал. Никогаш ниту сум располагал со општински пари, ниту  сум бил потписник на општинските сметки. Ти добро знаеш за што беа искористени тие средства, оти ако беа фиктивно потрошени ќе поднесеше кривични пријави, како што ми поднесе пријави за  глупости и кои експресно беа одбиени од Јавното обвинителство, вели Ногачески.

Тој потенцира дека средствата биле потрошени за изработка на три информативни билборди за Белчишкото Блато.

– На едниот од нив што сте го уништиле, во центарот на Белчишта,  денес ги лепиш плакатите со Твојот лик. Беа изработени десетина патокази за Белчишкото Блато, подготвено и објавено промотивно видео за Белчишкото Блато, кое можеш да го најдеш на Ѕоутубе, и подготвена и испечатена промотивна брошура во голем број на примероци, на македонски и англиски јазик, кои можеш да ги најдеш кај Твоето одговорно лице за промоција на руралниот туризам и кои и Ти ги користеше кога “ветуваше” дека Белчишкото Блато ќе го направиш туристичка дестинација, се наведува во реакцијата од Ногачески.

OhridNews