Со денешното повторно чистење на патниот правец за село Турје сите патни правци во Дебрца се исчистени и проодни, вели градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.
Снегот се чистеше од патиштата и во текот на ноќта, а во текот на вчерашниот ден беше целосно пробиен и исчистен патот и за Мраморец.
Во чистењето на патиштата деновиве активно се вклучени екипите на ЈПКД-Дебрца, од каде посочуваат дека целта е да се осигура безбедноста и непреченото функционирање на патната инфраструктура во општината.
Н.С.Ј.