Советот на Општината донесе одлука за промена на корисник и почнувајќи од 1 февруари снабдувањето со електрична енергија на пумпните станици ќе го врши „ЕДС“ АД Скопје, а сметките ќе ги плаќа општината.

Со ова како што напоменува градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески се става крај на уште еден проблем со водоснабдувањето во Општина Дебрца, кое се врши преку пумпните станици.

Како што е познато во изминатиот период граѓаните и фирмите кои се водоснабдуваат преку пумпни станици на повеќе пати бевме изложени на притисок од снабдувачот со електрична енергија, ЕВН Хоум,кој користејќи ја монополската положба,која сеуште ја има на пазарот на електрична енергија и постапувајќи спротивно на член 44 од Правилата за снабдување со електрична енергија ги исклучуваше пумпните станици од електричната мрежа,оставајќи ги граѓаните, училиштата, фирмите, ПЗУ за дијализа “Невроплус” Охрид и меѓународниот аеродром “Св.апостол Павле” без вода, со што ги загрозуваше здравјето и животот на граѓаните и особено бубрежно болните пациенти, вели Ногачески.

Потенцира дека и покрај искажаната добра волја од општината и преземањето на долгот од 19 милиони денари, некоректниот однос од страна на ЕВН Хоум вели продолжи и крајно и покрај изречената времена мерка, донесена од Основниот суд Охрид, со која се забранува исклучување на пумпните станици,за 21 февруари најави ново исклучување.

На мој предлог, Советот на општината на последната седница донесе одлука за преземање од страна на општината на сите пумпни станици и обврската за плаќање на тековните сметки за електрична енергија. Постапката за промена на корисник е завршена и почнувајќи од 1 февруари снабдувањето со електрична енергија на пумпните станици ќе го врши од општината избраниот снабдувач, ЕДС АД Скопје, а сметките ќе ги плаќа општината. Со промената на снабдувачот во старт ги намалуваме сметките за најмалку 30 %.

Истакнува дека ЕВН Хоум киловатот со сите давачки го наплатувала за 15- 16 денари, а моменталната цена која ја наплатува ЕДС изнесува 9 -10 денари за киловат.

Во наредниот период ќе преземеме активности за дополнителна заштеда /промена на пумпите во пумпна станица с.Мешеишта и поставување на фотонапонски централи за пумпните станици во село Мешеишта и село Требеништа, како и зајакнување на капацитетите на јавното претпријатие, особено во делот на комуналната дејност водоснабдување. И најбитното, граѓаните и сите други корисници повеќе нема да бидат доведени во непријатна ситуација да останат без вода за пиење, поради неплатени сметки за електрична енергија, вели.

Покрај редовното сервисирање на тековните трошоци, додава Ногачески, општината и во наредниот период ќе продолжи со капитални инвестиции

OhridNews