Зоран Ногачески денес од Општинската изборна комисија Дебрца го доби Уверението за избран градоначалник на општина Дебрца, со што официјално го започна новиот мандат 2021-2025, а врз основа на изборната волја на граѓаните изразена на локалните избори.
Подавам рака и ги повикувам сите граѓани да ни се придружат заедно да продолжиме да го градиме нашиот заеднички дом, нашата Дебрца. Големата поддршка од Вас, граѓаните за мене е уште поголема обврска и одговорност. Убеден сум дека на тој пат ќе имаме добра соработка и со новоизбраните членови на советот на општината, на кои им го честитам изборот, рече Ногачески.
Ногачески во првиот мандат довербата ја доби како кандидат од СДСМ, додека за овие Локални избори настапи како независен кандидат.
OhridNews