Пред некој ден преку нарачан текст од дијаспората се обидоа да го нарушат моето човечко достоинство и да ми го сомничат потеклото. Еве, за сите, јас сум од Волино, тука во оваа стара куќа растев, се школував, формирав семејство, тука живеам и тука ќе живеам. Ова е мојата семејна куќа во Волино. И не се срамам од тоа каква е, вели кандидатот за градоначалник од СДСМ за Дебрца, Зоран Ногачески реагирајќи на денес упатените обвинувања од ВМРО ДПМНЕ Дебрца.

– Ја наследив од моите покојни родители, чесни луѓе – земјоделци кои ме извадија на вистинскиот, чесниот пат. Освен семејнава куќа поседувам патничко возило, Југо од 2005 година и 2,5 хектари земјоделско земјиште. Ајде биди доблесен Трајкоски, кажи што Ти поседуваше пред 4 години, а што поседуваш денес? Кажи како успеа за 4 години со градоначалничката плата да купиш стан во Скопје, на улица Балзакова бр.10? Како успеа да купиш две патнички моторни возила? Како успеа да ја реновираш семејната куќа во Ботун? Како успеа да ја реновираш куќата во Охрид на улица Абас Емин која твојот татко ја има наследено од блиски роднини, а во која Ти живееш ? Колку пари од општината и пренесе на твојата сестра? Зошто едни исти фирми ги земаа тендерите, и колку провизија им зеде?, прашува Ногачески.

Потенцира дека е чесен човек и дека се што постигнал постигнал со труд.

OhridNews