Граѓаните добро знаат кој е Ногачески, ама и кои се “делата” на Трајкоски, вели кандидатот за градоначалник од СДСМ за општина Дебрца, Зоран Ногачески.
– Граѓаните знаат кој во изминативе четири години им ја зеде и зароби општината, потроши народни пари за промашени проекти, преплатени и натплатени, ги полнеше неговите и џебовите на неговите роднини со општински пари, вели Ногачески.
Додава дека жителите на Дебрца сакаат народен човек, а не, како што вели, недопирлив Градоначалник, каков што е Трајкоски.
OhridNews