Во врска со исклучувањето на електричната енергија од страна на операторот ЕВН на пумпните станици во општина Дебрца, кое беше направено во понеделникот во доцните попладневни часови, поради што е оновезможено нормално снабдување со вода на општинатато, и обвинувањата упатени на негова сметка, вечерва на социјалните мрежи се огласи градоначлникот на Дебрца Зоран Ногачески, кој во моментов е на саем за земјоделство во Нови Сад. Тој најави дека општината ќе поднесе тужба со барање за времена мерка повторно вклучување на електричната енергија, но тоа не можело да се направи денеска бидејќи поради празникот е неработен ден.
Тој ги отфрла критиките зошто заминал во Нови Сад во моменти кога Дебрца е без вода, како неосновани.
Прво градоначалникот никого не оставил без вода. Исклучувањето што го изврши ЕВН е спротивно на член 44 од Правилата за снабдувањето со електрична енергија според кој операторот не може за неплатени сметки да исклучи водоснабдителен систем. Операторот може да побара од должникот да се склучи договор со кој ќе се дефинира гарантен инструмент дека сметките ќе се плаќаат. Ако должникот не прифати склучување на таков договор тогаш може да се примени мерка исклучување. – истакнува Ногачески.
Градоначакникот Ногачески истакна дека во текот на вчерашниот ден неколку пати телефонски разговарал со лица од ЕВН на кои бил упатен, а биле испратени и писмени електронски дописи и од општината и ЈКП за склучување на спогодба за сервисирање на обврските.
Од другата страна не добивме никаков повратен одговор,освен тоа дека ќе ни се одговорело кога “шефовите ќе одлучеле”. Единствено што вчера успеав е повторно вклучување на пумпната станица во село Требеништа, од каде се водоснабдува меѓународниот аеродром Св.апостол Павле. Не е спорно дека ЈКП има долгови за електрична енергија,но тоа е состојба со сите водоводни претпријатија во државата,од кои некои имаат и милионски долгови во евра, кои се направија особено поради енергетската криза. Не е спорно и тоа дека и општината и ЈКП, во рамките на можностите ќе сторат се да ги сервисираат овие долгови, но и државата треба да помогне,бидејќи се работи за снабдување со вода за пиење. – вели Ногачески, посочувајќчи дека однесувањето на ЕВН е типично монополистичко однесување на штета на граѓаните.
OhridNews