Евиденцијата на НУ Библиотека „Григор Прличев“ вели дека во ноември се родени роднокрајните автори: Стојан Ристески, Димче Џајкоски, Димче Донески, Севим Адем – Сана, Митре Велјаноски и Никола Митровиќ – Бабе.
Секој од нив со своето творештво оставил и уште остава трајна трага во колективната меморија на Охрид и нивните современици, велат од градската библиотека.
Во творештвото на роднокрајните автори родени во ноември се забележува шаренило од родови и стилско изразување. Се забележуваат и различни литературни форми од поезија, проза, публицистика до стручна литература, но она што е заедничко е дека од секое нивно дело зрачи љубовта кон Охрид и битисувањето во него, додаваат од НУ Библиотека „Григор Прличев“
OhridNews