Американскиот претседател Барак Обама е добитник на годинешната Нобелова награда за мир, соопшти Норвешката академија од Осло која ја доделува наградата.
Во образложението, кое го претстави претседателот на комитетот, Торбјорн Јагланд, се потенцираат „огромните напори на Обама да ја зајакне меѓународната дипломатија и соработката меѓу луѓето“. Комитетот и‘ придал особено значење на визијата на Обама и неговите напори за свет без нуклеарно оружје, при што се заклучува дека тој креирал нова клима во меѓународната политика.
– Ретко досега една личност од калиброт на Обама успеала да го насочи светското внимание и да му даде надеж на својот народ за подобра иднина-, се вели во образложението.
Наградата, вредна околу еден милион евра, на американскиот претседател ќе му биде врачена на 10 декември во Осло. Годинава Нобеловиот комитет прими рекордни, 205 номинации за наградата за мир, од вкупно 33 организации. Минатата година, со ова престижно признание се закити поранешниот фински претседател Марти Ахтисари.
На 18042025 околу 12 часот во СВР Охрид е пријавено дека во водите на Охридското Eзеро, кај „Канео“, забележано е повредено лице кое потоа со пловен објект е пренесено на градското пристаниште, кад...
Директорката на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот (АППТ) Билјана Стефаноска оствари средба во Охрид со претставници на туристички агенции од Малезија кои ќе носат гости во Македонија Ст...
На 18042025 во 2040 часот во ОВР Кичево e пријавено дека, на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај место викано „Сеферов бунар“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.