Нобеловата награда за хемија годинава им е доделена на тројца научници за дизајнирање машини на молекуларно ниво. Жан-Пјер Саваж, сер Фрејзер Стодарт и Бернард Феринга ќе поделат речиси милион долари вредната награда за дијазн и синтеза на машини на молекуларно ниво. Добитниците им се придружија на листата од 200 лауреати наградени од 1901 година досега.
Саваж е роден 1944 година во Париз и е професор емеритус на Универзитетот во Стразбур, како и директор на Францускиот национален центар за научни истражувања. Стодарт е роден 1942 година во Единбург и во моментот е професор предавач на Универзитетот Нортвестерн во САД. Фаринга е роден 1951 година во Холандија и е професор по органска хемија на Универзитетот во Холандија.
Нивниот успех на полето на поврзување молекули и дизајнирање мотори, автомобили и човечки мускули во мали размери, ги препозна комитетот за доделување на наградата, а еден од членовите рече дека ги совладале движењата на молекуларно ниво, и всушност кога ќе им се додаде енергија тие можат да извршуваат зададена задача. Професорот Фаринга на кого телефонски му се јавија, рече дека е шокиран, не знае што да каже и дека е многу чувствителен, но почестен.
OhridNews
извор Макфакс