Екипата на Ливерпул е првиот патник во финалето во Лигата на Шампиони. „Црвените“ на Енфилд приредија ноќ за историја победувајќи ја Барселона со резултат 4-0 со кој ја надополнија негативата (3-0) од Ноу Камп и обезбедија билет за финалето во Мадрид.

Дека ова ќе биде фантастична и неверојатно ноќ во Ливерпу наговести Ориги со погодокот во 7-та минута. Ливерпул притискаше во првиот дел, но не успеа да постигне втор погодок, а Лионел Меси и Филипе Кутињо пропуштија солидни прилики за погодок и изедначување.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп во второто полувреме го уфрли Вајналдум во игра и фрли се на една карта. Токму, Холанѓанецот беше творец на неверојатниот подвиг. Во 54-та минута стрелаше за 2-0, а две минути подоцна за 3-0.

Барселона делуваше изгубено на Енфилд, а најдобра потврда стигна за тоа во 79-та минута кога комплетна екипа на каталонците „заспа“ на корнер а Арндолд го проигра осамениот Ориги кој погоди за 4-0 и делириум. Барселона нападна, но јалово и Ливерпул уште еднаш ги помести границите во модерниот фудбал надополнувајќи ја негативата од 3-0. Победата дотолку добива на тежина ако се знае дека тимот од Енфилд на реваншот настапи без Мо Салах, Фирмино и Кеита, кои отсуствуваа поради повреди.

Во финалето, Ливерпул ќе се сретне со подобриот од дуелот помеѓу Ајакс и Тотенхем. Првиот меч одигран во Лондон заврши во корист на холанѓаните 1-0.

OhridNews