Симпатизерите, фудбалерите и сите вработени во францускиот клуб Нант не губат надеж и не сакаат да се предадат и поверуваат во најцрното сценарио кога се работи за животот на нивниот поранешен член, Емилијано Сала. Напаѓачот беше во авионот „Пајпер Малибу“ кој мистериозно исчезна минатиот понеделник.

Нант првиот меч на домашен терен после големата несреќа му го посвети на Сала. Исполнатиот стадион до последно место пред почетокот од натпреварот со кореографија се помоли за здравјето на фудбалерот. Во 9-та минута, играта за момент беше прекината и сите на стадионот вклучувајќи ги и фудбалерите од двете екипи аплаудираа во негова чест. Сала кој дејствуваше во навалната линија го носеше бројот девет на грбот од дресот на „канаранците“.

Стручниот штаб предводен од Вахид Халихоѓиќ не можеше да ги скрие емоциите и со солзи на очите ја проследија кореографијата и аплаузите од трибините.

Авионот во кој леташе Сала исчезна на 21 јануари, а денеска специјализираните спасувачки екипи најдоа делови од седишата на обалата за кои се веруваа дека се авионот.

OhridNews