Градоначалникот Георгиески да ја разреши директорката на ЈП ,,Билјанини извори” затоа што два дена се одржуваат забави на градскиот базен, со што се загрозува безбедноста на децата и рекреативците, бара ВМРО ДПМНЕ.

На самиот базен каде што пливаат децата од пливачките школи и рекреативците сега има расфрлано шишиња, пикавци, срчи, ѓубре. Дали има цена желбата на децата да пливаат и спортуваат? Дали на ваков срамен начин власта и Јовановска ги почитуваат протоколите за работа и мерките за заштита? Директорката Јованоска мора да понесе одговорност за ваквото неесериозно однесување со кое директно ја загрозува безбедноста на децата. – велат од ВМРО ДПМНЕ.

Од ОК ВМРО ДПМНЕ треба да престанат да се однесува како да не се од Охрид, возврати директорката на ЈП „Билјанини Извори“, Гордана Јованоска, обвинувајќи ја опозициската партија за ширење невистини.

ВМРО ДПМНЕ – Охрид не може да преболи како некогаш нивните кадри раководеа и до кој степен го оставија ова ЈП а сега и покрај Ковид – 19 пандемија тоа функционира успешно на сите полиња и е едно од најуспешните во својата област не само во Охрид , туку и пошироко. ВМРО ДПМНЕ – Охрид нека не се грижи за хигиената – нормално е на забави и кога има толпа луѓе да има и смет. Туку треба да учат од нас што значи организација на работа и за само неколку часа тоа да е средено и дури да не се познава дека тука само пред – час два се одржувал концерт. Но тие само знаат да плукаат и обвинуваат. И како што беше планирано – отворениот пливачки базен беше пуштен за рекреативци и сосема чист уште во 10 часот утрово , а не ко во нивно време кога со години беше депонија и чекаа некој друг да им го реши проблемот и да го и исчисти и стави во функција. Најдобар доказ за ова што ни го работиме се фотографиите направени утрово. – стои во реакцијата на јавното претпријатие.

ЈП „Билјанини Извори“ најавија дека ќе продолжат во насока на својот развој и да организираат настани од секаков вид во интерес на сите и на граѓаните и на туристите, со почитување на сите законски мерки.

OhridNews