Паузата во светскиот фудбал поради пандемијата на коронавирусот им отвори полни раце работа на аналитичарите. Една интересна анализа од фудбалски експерти доаѓа од германската Бундес лига која вели дека голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер не е помеѓу петте најдобри чувари на мрежата.
Анализиата е направена според одбраните во текот на натпреварите. Нојер сезонава не е во најдобра форма и повеќе јавно се расправа со управата на „баварците“ отколку што мисли на фудбал. Сето тоа се одрази на формата на германскиот голман кој 3-4 сезони беше помеѓу најдобрите во светот, а без конкуренцијата во Бундес лигата.
Најдобар голман според статистиката во германскиот фудбалски шампионат е Јан Сомер од Борусија Менхенгладбах. Сомер, има неверојатно 76% успешност во одбраните. Втор на листата е Питер Гулачи од Лајпциг, а потоа следува Лукас Хредецки од Баер Леверкузен. На чертовото место се наоѓа Кон Кастелес од Волфзубрг додека на петтата позиција е Александар Нубел кој се смета за замена на Нојер во Баерн Минхен.
Шанса за поправање на статистиката Нојер и останатите голмани најверојатно ќе имаат откако германската Бундес лигата најави дека прекинатата сезона ќе продолжи на 9 мај.
OhridNews