Сребдата помеѓу Ливерпул – Баерн Минхен е една од најинтересните пресметки во 1/8 финалето во Лигата на Шампиони. „Баварците“ немаа среќа во извлекувањето и го добија најтешкиот ривал од вториот шешир, а сигурно ниту „црвените“ од Енфилд не го посакуваа актуелниот првак во Германија, но и немаа некој избор со оглед на екипите кои завршија како првопласирани.

 

  • Моментално се многу добри, а и имаат супер сезона. Квалитетот во ЛШ го демонстираа уште минатата сезона, но сигурно не се воодушевени од ждрепката. Можат да бидат брзи и убоити во контра напади, но ранливи се и ќе треба ние да ги искористиме нивните недостатоци. Не очекуваат два големи натпревари. – изјави голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер.

Првите мечеви се играат на средината од февруари месец, а реваншите на почетокот од март. Во останатите осминафинални двојки ќе се сретнат Манчестер Јунајтед – ПСЖ, Рома – Порто, Лион – Барселона, Тотенхем – Борусија Дортмунд, Ајакс – Реал Мадрид, Атлетико Мадрид – Јувентус и Шалке – Манчестер Сити.

OhridNews