На 10 август во организација на „USCCO“ (Урбан Стрит Кар Клуб Охрид), со поддршка од Општина Охрид, на добро познатата локација Касарна Охрид, ќе се оддржи ноќен собир на автомобили (Night Car Show #2). На шоуто што оваа година ќе се одржи по втор пат, се очекуваат бројни гости од земјава и соседството.
На собирот во Охрид ќе бидат изложени голем број спортски модифицирани и уникатни автомобили. Настанот ќе биде од натпреварувачки карактер, но пред се ќе биде забавен, со настап на диџеи и игри како што се: клупско влечење на јаже, држење на тркало од автомобил, туркање на раце и сл. Сите што ќе дојдат да уживаат во содржините на настанот се добредојдени, истакнуваат организаторите.
Ноќниот собир на автомобили во Охрид почнува во 19 часот.
Г.М.