На државниот натпревар по германски јазик што се одржа во основното училиште „ Коле Неделковски“ во Скопје, Тијана Костовска ученичка во втор клас во охридската гимназија „ Св. Климент Охридски“ го освои третото место. Ментор на ученичката е професорката Ирена Ѓурчиноска Талевска.

На 58-от Државен натпревар по математика што се одржа исто така во Скопје,  според постигнатите резултати Виктор Домазетоски ученик во четврта година кој го освои третото место и Теодора Бујароска се пласираа за да учествуваат на Математичката олимпијада која ќе се одржи на 4- ти април.

Пет други ученици од гимназијата на државниот натпревар по математика добија пофалници.

OhridNews