По повод одбележување на јубилејот 80 години слободен Охрид Општина Охрид и Општинската организација на Сојузот на борците ќе реализираат повеќе свечености и настани.

Програмата започнува во среда, 6-ти ноември, со две изложби на Нина Ангелоска во 18 часот и Славко Упевче во 18:30 часот во галеријата и изложбениот салон на НУ Центар за култура „Григор Прличев“.

Свечената академија на која ќе се обрати градоначалникот Кирил Пецаков ќе започне во 19 часот во Центарот за култура. Во рамки на истата предвидена е културно-уметничка програма, како и музичко-сценски перформанс.

На 7-ми ноември од 10 часот ќе се одбележи патрониот празник на ЈП „Охридски комуналец“, а ќе биде положено свежо цвеќе пред спомен обележјата од НОБ на градските гробишта, градскиот парк, Основниот суд и дворот на СОСУ „Св.Кирил и Методиј“.

Во селото Рамне ќе се одржи Панихида пред споменикот на Јасна Ристеска во 10 часот.

Во 11 часот ќе биде положено свежо цвеќе пред спомен обележјата од НОБ во Спомен паркот на Револуцијата каде обраќање ќе има претставник од ОО Сојуз на борци.

Во 13 часот на стадионот на „Билјанини Извори“ ќе се одржи Европски куп во параглајдинг Охрид 2024 на кое отворање ќе се обратат градоначалникот Кирил Пецаков и министерот за спорт Борко Ристовски.

Во 13 часот ќе се одржи и промоција на книгата „Охридски летопис“ од авторите Павле Митрески и Димитар Смилески во големата сала на Општина Охрид.

Попладнето од 17 часот ќе се одржи свечена приредба по повод патрониот празник на ЈОУДГ „Јасна Ристеска” во спортската сала „Билјанини извори“, а во 19 часот ќе се одржи седмоноемвриски концерт на учениците од ОМУ „Методи Патче”, во концертната сала на училиштето.

Програмата продолжува на 8-ми ноември кога е предвидена промоција на книгата „Тие доаѓаат“ од ученици од охридските училишта во големата сала на Општина Охрид, додека на 9-ти ноември во 18 часот ќе биде одржана промоција за книгата „Модра мрежа“ од авторката Марина Икономова Шоќева во кафе бар „Шила“.

Н.С.Ј.