Низа настани во рамки на годинешното издание на традиционалната културна манифестација „Прличеви беседи”, со кои ќе се одбележат и 127 години од смртта на Григор Прличев и јубилејните: 190 години од неговото раѓање и 160 години од издавањето на поемата „Сердарот”

Манифестацијата започнува во вторник, 4-ти февруари, во 17.30 часот во основното училиште „Григор Прличев“ со промоција на стихозбирката “Мојата шарена стихувалка” од ученичката Матеа Стоев.

Во среда, во Центарот за култура со почеток во 11.45 часот, ќе биде отворена изложба на ликовни дела од уметници од Македонија.

Свеченоста посветена на лауреатот на наградената поема за 2019 ќе почне во 12 часот.

Во 10 часот во четврток, во дворот на ОУ „Григор Прличев“ ќе се положи цвеќе пред спомен-бистата на Григор Прличев, а ќе се одржи и Прличева визита. Во 10.45 часот, пред спомен-биста та на поетот пред НУ Библиотека , предвидено е полагање лавров венец и свежо цвеќе, при што ќе се обрати претставник од Друштвото на писатели на Македонија.

Во 11.30 часот на гробот на Прличев ќе се одржи панихида и ќе се положи свежо цвеќе.

Во 12.00 часот, во Спомен-куќата на Прличев, е предвидено обраќање на претставник од општина Охрид, а ќе се изврши и промоција на книгата „Антологија на ловорот” (Приредувачи: проф.д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски).

Настанот Лични навраќања кон Григор Прличев од проф.д-р Вера Стојческа Антиќ и Прличевата визита во организација на НУ Библиотека Григор Прличев се предвидени во 13.00 часот во НУ Библиотека “Григор Прличев”.

На 7-ми февруари, петок, во ОУ „Григор Прличев“ ќе се одржи Спортски ден во организација на училиштето, а по повод Патрониот празник.

OhridNews