По повод Светскиот ден на првата помош, 12-ти септември oхридскиот Црвен крст во текот на утрешниот ден ќе организира низа настани.
На плоштадот „Свети Климент Охридски“ од 10 до 15 часот ќе се одржи презентација на вештини за укажување на прва помош.
-Екипи на Црвениот крст составени од инструктори, тренери, едукатори и волонтери ќе ги презентираат најновите техники и вештини за укажување на прва помош. Сите оние посетители кои ќе дојдат на овој настан ќе можат и да ги пробаат тие техники и вештини на специјалните помагала кои ќе ги имаме на располагање и секако да дознаат повеќе како да укажат прва помош во услови кога тоа е потребно, вели Сашо Точков, претсетадел на Црвениот крст од Охрид.
Тој најави дека во истиот период во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се организира голема крводарителска акција.
-Во рамките на своите активности за обезбедување на доволни количества крв и крвни продукти за потребите на пациентите во здравствените установи во Охрид, Црвен крст Охрид во соработка со општина Охрид организира голема крводарителска акција под мотото „ОХРИД СПАСУВА ЖИВОТИ”. Ги покануваме нашите хумани сограѓани да ја покажат својата хуманост и даруваат крв, вели Точков.
Исто така во соработка со здружението „Мозочен удар“ утре на охридскиот плоштад ќе биде поставен и пункт на кој ќе се вршат бесплатни превентивни прегледи.
OhridNews
Ги покануваме наШите хумани сограЃани да ја покажат својата хуманост и даруваат крв.