Tаеквондистите на охридскиот клуб „Хваранг Фист“ на Меѓународниот таеквондо турнир во oлимписко теквондо „Кобра Опен 2023“ кој се одржа во Скопје се закитија со девет златни, десет сребрени и седум бронзени медали.

На турнирот учествуваа повеќе од 250 натпреварувачи од 12 клубови од Република Македонија, Србија и Бугарија, а клубот „Хваранг Фист“ учествуваше со 13 натпреварувачи од матичниот клуб и 10 претставници од подружницата – Таеквондо клубот „Сила“ од Скопје.

Турнирот во Скопје беше во организација на ТК „Кобра“ од Скопје, Македонската Теквондо Федерација и Општина Гази Баба

Продолжуваме со подготовки за наредните турнири, во трка по нови бодови. Следуваат „Астерикс“ во Ниш, Србија на 20-ти и 21-ви мај, „Улцињ Опен“ во Црна Гора на 27-ми мај и „Хереја Опен“ во Софија, Бугарија на 10-ти и 11-ти јуни 2023 година, велат од „Хваранг Фист“.

OhridNews