Летниот период во основното училиште „ Христо Узунов“ се користи за реализирање на низа градежни активности за подобрување на условите за изведување на наставата. Се фарбаат врати и училници, се реновираат кабинети , се уредува спортската сала, салата за приредби, се поправаат соблекувалните .
– Активностите се реализираат со помош на Локалната самоуправа и средства од училиштето, како и спонзорства. Годинава имаме поголем број градежни активности кои ќе значат многу за нашите ученици, бидејќи просториите во училиштето ќе бидат попријатни за престој и следење на наставата. Спортската сала се подготвува за претстојното младинско Европско Првенство за Кошаркарки кое ќе се одржи од 13 до 23 август, а спортската сала во ова училиште е избрана да се користи за тренинг на повеќе репрезентации,вели директорот Тони Симоноски.
Се очекува сите активности да завршат пред почетокот на новата учебна година.
OhridNews