Во рамки на здравствено-превентивната дејност Црвен крст Охрид во партнерство со здружението Опција-Охрид и Центар за јавно здравје Охрид, секоја година со низа активности го одбележува 28 јули Светскиот ден за борба против хепатитис. Оваа година, под мотото Превенирај го хепатитот- од тебе зависи!, предвидена е реализација на активности и настани кои ќе се реализираат во Охрид и Струга.
Ќе се вршат бесплатни, анонимни тестирања за хепатитис кои ќе се реализират во специјално возило од страна на обучени лица од Црвен крст Охрид, Опција-Охрид и Центар за јавно здравје Охрид на 28 јули, од 16-18 часот во Струга и истиот ден од 19-21 часот во Охрид.
Јавна промоција на Светскиот ден за борба против хепатитис и делење на едукативни материјали и совети за превенција, заштита и лечење од хепатитис од страна на стручни лица во оваа област. Промоцијата ќе се реализира на 28 јули на струшката чаршија (кај хотел Београд) од 16-18 часот и истиот ден на плоштад „ Чинар“ во Охрид од 19-21 часот.
Овогодинешните активности се поддржани и помогнати од ПЗУ Биомед Лаб.
OhridNews