Во текот на изминатиот месец, полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, реализира повеќе акциски сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници контролирале вкупно 2834 патнички и други моторни возила, од кои, констатирани се 26 технички неисправни и 86 нерегистрирани возила. 91 возачи управувале возило без возачка дозвола а 46 возачки дозволи се одземени поради присуство на алкохол.

Полициските службеници, утврдиле и презеле мерки против 251 возачи кои на своите возила имале фолии за затемнување на стаклата.

При акциските контроли, полициските службеници издале 755 мандатни платни налози и 330 прекршочни налози.

Акциските контроли, кои и понатаму ќе бидат спроведувани, имаат за цел подигнување на степенот на безбедност во сообраќајот, информира СВР Охрид.

OhridNews