Нивото на водата во Охридското Езеро и натаму опаѓа, дури надминувајќи ја границата под дозволениот минимум.

Според последните податоци на Управата за хидрометеоролошки работи нивото на водата во езерото денеска е на котата 693,09 метри надморска височина, што е 20 сантиметри под просекот за овој период од годината.

Нивото на водата во езерото моментално е за еден сантиметар под дозволениот минимум утврден на котата 693,10 метри надморска височина.

OhridNews