Нивото на водата во Охридското Езеро според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи се наоѓа на котата 693,16 метри надморска височина или 23 сантиметри под просекот за февруари, а шест сантиметри над дозволениот минумум.

Неделната анализа покажува дека нивото шест дена било на денешната кота, освен првиот ден во анализираната недела кога било за еден сантиметар повисоко.

Температурата на водата денес е 8.5 степени што е над просекот за месецот кој изнесува 6.5 степени.

OhridNews