Алармантно високо е нивото на загаденост на воздухот во Македонија и вечерва. Мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање покажуваат високо ниво на опасните ПМ 10 честички во повеќе градови меѓу кои е и Охрид каде во 22 часот се измерени 276,635 микрограми на метар кубен, што е пет и пол пати над дозволеното ниво од 50 микрограми на метар кубен.
Најголемо ниво на загадување вечерва е регистрирано во Кичево – 378, 092 микрограми на м3, следат Струмица со 263 микрограми на м3, Скопје – 238 микрограми на м3, Битола – 234 микрограми на м3, Гостивар – 175 микрограми на м3, Тетово 147 – микрограми на м3…
Министерството за животна средина и просторно планирање вечерва информираше дека во Струмица на сила ќе бидат посебни мерки за заштита на здравјето на луѓето бидејќи според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, бо текот на два последователни дена надминат е прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри од 150 mg /m3.
Г.М.