По долгата суша која придонесе нивото на Охридското Езеро во ноември и декември да се спушти до котата 693,07 метри надморска височина, што е три сантиметри под дозволениот природен минимум, благодарение на обилните врнежи на почетокот од годината тоа бележи значителен пораст.
Според утринските мерења на Управата за хидометеоролошки работи, нивото на Охридското Езењро денеска е на кота 693,28 м.н.в., што е 10 сантиметри под просекот за јануари, но значително повеќе во однос на нискиот водостој во декември.
Од друга страна хидролошката состојба на Преспанското Езеро и натаму е неповолна. Според мерењата на УХМР тоа е на 1,38 метри под минимумот.
OhridNews