Од 24 февруари до денес нивото на Охридското Езеро пораснало за 15 сантиметри, покажале мерењата на АД МЕПСО. Според МЕПСО хидролошката состојба на Охриското Езеро се подобрува, а очекувањата се дека со покачувањењето на температурите и топењето на снегот  водостојот уште ќе расте.


Нивото на Охридското Езеро се зголемило за 15 сантиметри
(фотографија Пржин)

Минатата беше една од најсушните години во последната декада. Нивото на Охридското Езеро лани на неколку пати се спушташе под минималната кота која се наоѓа на 693, 17 метри надморска височина.


Минатата беше една од најсушните години во последната декада

Хидролошката состојба на Охридското Езеро сега се подобрува велат од МЕПСО, од каде информираат дека пораст на водостојот се забележува на речиси сите природни и вештачки  акумулации кои се користат за производство на електрична енергија.

Г. Момироски