Есенските врнежи придонесоа за подобрување на хидролошката состојба на Охридското Езеро, која и натаму е значајно неповолна. Откако се спушти на само три сантиметри до природниот минимум (693,10 м.н.в.), Охридското Езеро бележи пораст од 4 сантиметри и сега е кота 693,17 м.н.в., што е законски минимум утврден со Билатералниот договор со Албанија.
Неповолната хидролошка состојба серизоно се одразува на живиот свет во Охридското Езеро, особено во литоралот, но губењето голема водена маса предизвикува и други последици, од еколошки до тектонски, предупредуваат стручњаците.
Тие постојано апелираат да се изврши ревизија на договорото со кој се регулира истекот на Охридското Езеро во Црн Дрим, посочувајќи дека климатските услови денес значително се разликуваат од тие во педесеттите години од минатиот век кога е направен договорот за регулилација на најголемото природно езеро на овие простори, кое дефакто се третира како акумулација за производство на електрична енергија.
Г.М.