Според последните мерења извршини денеска  нивото на Охридското Езеро опаднало за еден сантиметар и сега
се наоѓа на 693,95 метри надморска височина, што е 20 сантиметри над
максимално утврдената граница.


Според информациите од Управата
за хидрометеоролошки работи, до крајот на седмицата не се предвидуваат
врнежи од дожд и се очекува трендот на опаѓање на водостојот на
Охридското Езеро да продолжи со истиот интензитет, соопшти
Министерството за транспорт и врски.


OhridNews