Нивото на Охридското Езеро според утринските мерења бележи намалување за еден сантиметар и изнесува 693,99 метри надморска височина, што е за 24 сантиметри повеќе од максималната граница.


Од портите на Црн Дрим во Струга се испуштаат 61 метaр кубeн во секунда, што е во рамките на испустот од претходните денови. И покрај врнежите од дожд и снег кои во последните денови се присутни во охридско-струшкиот регион, нивото на локалните реки бележи тенденција на опаѓање и не претставува опасност за дополнително влошување на состојбата, соопшти Центарот за управување со кризи. Водостојот на реката Сатеска е опаднат за два сантиметри.  Нивото на езерото Глобочица стагнира, додека Дебарското езеро бележи намалување за 4 сантиметри споредено со вчерашниот ден.


Ситуацита сепак и натаму загрижувачка, особено по најавите на Управата за хидрометеоролошки работи  дека врнежите од снег и дожд ќе продолжат и во текот на оваа недела. Според најавите денеска треба да започнат градежни работи за заштита на колекторскиот систем кај Елешец, а продолжуваат и активностите за заштита на регионалниот пат Охрид – Св. Наум и на критичните места на крајбрежјето.