Нивото на Охридското Езеро не се наоѓа на критичната точка тврдат надлежните. Од ресорното министерство за земјоделство велат дека според информациите на Управата за хидрометеоролошки работи -УХМР, нивото на Охридското Езеро не е на критичната точка и е на вообичаената висина за овој дел од годината.
надлежните тврдат дека нивото на Охридското Езеро не е критично?
(фото: јануари 2008г.)
Од Министерството за земјоделство апелираат до експертите кои деновиве предупредуваат на можните последици од опаѓањето на нивото на Охридското Езеро, единствено да се служат со официјалните податоци на УХМР, со цел да не се шират дезинформации во јавноста.
ohridnews