Според последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи извршени утрово, нивото на Охридското Езеро е на 693,31 метар надморска височина, што е 14 сантиметри над минималната – нулта кота од 693,17 м.н.в. односно 1 сантиметри под просекот за месец декември.

Во наредниот период не се очекуваат обилни врнежи од дожд или снег, кој ќе го има во незначителни количини во декември, што битно ќе влијае на хидролошката состојба на Охридското Езеро..

OhridNews