Според утринските мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, нивото на Охридското Езеро е на 693,66 метри надморска височина, колку што изнесува и просекот за месец мај.
И натаму неповолна е хидролошката состојба на Преспанското Езеро кое е 97 сантиметри под просекот за овој период од годината (844,26 м.н.в.). За разлика од Преспанското, нивото на Дојранското Езеро е на 147,32 м.н.в., што е речиси три метри над просекот за мај (144,39 м.н.в.).
OhridNews