Според последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, извршени утрово, нивото на Охридското Езеро се наоѓа на 693,37 метри надморска височина, што е за речиси 20 сантиметри под просекот за мај кој изнесува 693,66 м.н.в.

Уште пониско е нивото на реките во сливот на езерото. Урово, нивото на реката Сатеска измерено кај Ботун е 38 сантиметри под просекот за мај. Во лоша кондиција е и реката Црн Дрим, која е 91 сантиметар под просекот за овој период од годината.

 

Според најавите, под влијание на студен бран од Медитеранот, од денеска попладне, па во наредните пет дена во нашата земја се очекуваат интензивни врнежи од дожд, на места и до 50 литри на метар квадратен. Врнежите не се очекува да предизвикаат поплави и излевања на реки и водотеци, освен во исклучителни случаи на обилни и натпросечни врнежи, информира УХМР.

Најавениот дожд се очекува значително да ја подобри хидролошката состојба на реките и езерата.

Г.М.