Нивото на вода во Охридското Езеро  според денешните мерења на УХМР изнесува 693, 19 што е само два сантиметри над минималната кота, односно 9 сантиметри над критичната точка која се наоѓа на 693,10 метри надморска височина.


опаѓа нивото на Охридското Езеро

Само во септември нивото на Охридското Езеро паднало за 7 сантитри, а надлежните стравуваат дека поради сушната година негативниот тренд и натаму ќе продолжи.


ваква суша одамна немало велат кајчарите

На кејот веќе се појавуваат песочни плажи и островчеиња, поради повлекувањето на водата. Кајчарите велат дека езерото од почетокот на годината до денес е опаднато за 70-на сантиметри. И други години опаѓало нивото на езерото но како година не паметиме велат кајчарите.


водата драстично е повлечена

Според надлежните причина за опаѓањето на нивото на  Охридското Езеро не е испуштањето на водата за потребите на електросистемите на Македонија и Албанија туку лошата хидролошка состојба и сушната зима, поради која сега се јавува недостаток на вода. Како што ни изјави Мирче Котески, портпарол на ЕЛЕМ во моментов од испустите на Дрим се испушта само минимална количина од 7 метри кубни вода што ја користат хидроелектраните Глобочица и Шпиље. Албанија која ова лето се соочува со најголема енергетска криза обвинува дека Македонија не сака да и помогне и дека не испушта доволно количества вода од Охридското Езеро, на што е обврзана со договорот направен во 60-те години од минатиот век.

Македонија до 15 септември во рамките своите можности испушташе поголемио количества вода за Албанија  од акумулацијата Шпиље, но сега веќе не сме во можност да го правиме тоа, ни изјави Котески.

Експертите од Хидромиолошкиот институт од Охрид предупредуваат дека Македонија не треба да дозволи натамошно испуштање на водата од Охридскот Езеро зошто тоа ќе предизвика еколошка катастрофа.

Г. Момироски