Нивото на Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 694, што е 25 сантиметри над максимално дозволената кота од 693,75 метри надморска височина.

Според последните податоци, на испустот на водата од езерото кај Струга во реката Црн Дрим се излеваат 66 метри кубни вода во секунда. Водостојот на реките Коселска и Сатеска бележи опаѓање за околу два сантиметри.

OhridNews