Нивото на Охридското Езеро е на кота од 693.33 м.н.в односно 12 сантиметри под просекот за август (693.45 м.н.в) покажуваат последните мерења на Управата за хидрометеролошки работи.

Седумдневните анализи говорат дека во првите четири дена нивото било на кота од 693.34 м.н.в, додека следните три дена вклучително и денешниот е намалено за уште еден сантиметар и е на кота од 693.33 м.н.в.

Нивото на Охридското Езеро е моментално 16 сантиметри над минималната кота утврдена со Билатералниот договор со Албанија (693.17 м.н.в), односно 23 сантиметри над природниот минимум (693.10 м.н.в).

Температурата на езерото денес е 23 степени, што е за пола степен пониска од просекот за август.

OhridNews