Нивото на Охридско Езеро е три сантиметри над просекот за декември и се наоѓа на кота од 693,35 м.н.в покажуваат податоци од Управата за хидрометеоролошки работи.
Неделната анализа покажува дека нивото на езерото константно изминатите седум дена било на иста кота односно на 693,35 м.н.в.
Температурата на езерото денес е 10 степени и истата е за два степени под просекот за декември.
Изминатите 24 часа до 7 часот во Охрид наврнале 3 литри дожд на м2, а утринската температура достигна – 2 степени.
OhridNews