Нивото на Охридско Езеро измерено утринава е на кота од 693.68 м.н.в, односно три сантиметри над просекот за јуни кој изнесува 693.65 м.н.в, покажуваат мерењата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Истото моментално е 51 сантиметри над минималната кота утврдена со Билатералниот договор со Албанија (693.17 м.н.в), односно 58 сантиметри над природниот минимум (693.10 м.н.в).

Температурата на водата денес е 25 степени што е пет степени над просекот за јуни 19,5.

И температурата на другите две природни езера во Македонија е над просекот за месец јуни и изнесува 28 степени во Дојранско Езеро и 23 степени на Преспанско Езеро.

OhridNews