Нивото на Охридско Езеро измерено утринава е на кота од 693.70 м.н.в, односно пет сантиметри над просекот за мај кој изнесува 693.65 м.н.в, покажуваат мерењата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Истото моментално е 53 сантиметри над минималната кота утврдена со Билатералниот договор со Албанија (693.17 м.н.в), односно 60 сантиметри над природниот минимум (693.10 м.н.в).
Во поглед на температурата на водата денес не се достапни податоци, а последните од почетокот на месецот покажуваат дека истата е во рамки на просекот за мај.
OhridNews